Клоп со коментар за Атлетико: „Не ми се допаѓа нивниот стил на игра“

157

Вечерва на „Метрополитано“ ќе играат Атлетико и Ливерпул во еден од поинтересните натпревари на денешната програма од 3. коло во ЛШ. „Црвените“ остварија две победи досега, а Атлетико една и едно реми. Тренерот на Ливерпул Јирген Клоп го почитува Атлетико иако не му се допаѓа нивниот стил на игра, но Атлетико е еден од најнепредвидливите и најтешките ривали во ЛШ.

Ливерпул на седум гостувања во сите конкуренции даде три или повеќе голови, но Клоп не очекува таа серија да продолжи и во Мадрид.

Ако ги добиеме двата меча против Атлетико ќе одиме во наредната фаза. Но нема да биде лесно. Ги загубивме двата меча од Атлетико претходниот пат. Тоа е многу тешко место да се слави победа. Научивме многу работи од тие натпревари. Тие направија некои промени во составот, но со сигурност не се послаби. Ние никогаш не правиме разлика меѓу домашни и гостински натпревари, иако, признавам, поубаво ми е кога играме пред нашите фанови. Не мислам на количеството на голови. Во моментов многу малку е веројатно дека ќе ја продолжиме серијата и ќе му дадеме три гола на Атлетико на нивен терен“, изјави Клоп.

Во февруари и март 2020 година Ливерпул го загуби двата дуели со Атлетико (1:0 беше на Метрополитано) и испадна во 1/8 финалето на ЛШ. Тогаш Германецот го обвини Атлетико дека не игра вистински фудбал.

Тоа кое што го кажав беше после вториот меч. Бев изнервиран и разочаран од многу работи. Противникот се бранеше со сите сили. А дали ми се допаѓа нивниот стил? Не ми се допаѓа многу, но тоа е мое мислење. Јас сaкaм поразличен тип на фудбал. Сепак, тие играат така и го почитувам тоа. На крај на краиштата се се сведува да победуваш, а Атлетико го прави тоа“, додаде Германецот.

 

ПретходноВанда најмила детективи да го следат Икарди, му го хакирала телефонот и го открила
СледноЗвезда во проблем, ФИФА им нареди да иплатат долг кон екс-играч!