Куман: Ако сега не победиме……

187

Тимот на Барселона е ставен што се вели пред свршен чин. Ги загуби првите два натпревари од групната фаза од Лигата на Шампионите против Баерн односно Бенфика, па сега в среда на домашен терен едноставно мора да освои бодови против Динамо Киев.

Тренерот Роналд Куман е свесен за ситуацијата во која што се наоѓа тој и неговиот тим и фактот дека мора да се победи.

„Немаме избор освен да победиме. Кога ќе ги загубиш првите два меча, што ти останува друго. Се обидуваме да го достигнеме нивото на останатите екипи со млади играчи и со оние кои се враќаат од повреда, но тоа не е лесно“ – изјави Куман,

Само два тима успеале да се квалификуваат во следната фаза од Лигата на Шампионите по два стартни порази. А тоа се Њукасл во 2002 година и Аталанта во 2019.

 

ПретходноВардар отпатува во Данска, каде утре го чека пресметка со силниот Алборг!
СледноНБА: Вечерва со две супер – дербија стартува 75. сезона во најелитната кошаркарска лига!