Лука Јовиќ и официјално побарал трансфер

250

Српскиот интернационалец во редовите на Реал Мадрид, Лука Јовиќ и официјално според шпанските медиуми побарал трансфер во следниот јануарски преоден рок.

Тој е окарактеризиран како едно од најголемите промашувања на Реал Мадрид во последната декада, а Јовиќ барем за момент се понадева на поголем успех во овој клуб, откако пристигна Карло Анчелоти за тренер.

Но и италијанецот воопшто нема доерба во него, Јовиќ настапи само на шест мечеви и тоа ниту еднаш како стартер сезонава, па јасно им е на сите дека за него иднина во Мадрид нема. Затоа Јовиќ очигледно дека реши да ги скрати маките на сите, првенствено сопствените, и да замине во друг клуб.

 

ПретходноКудуз: Монпеље нека биде „отрезнување“ за она што следува
СледноТетекс и Вардар играат во петок