Во месноста Сурчин во непосредна близина на Белград, Србија ќе го гради својот национален стадион вреден 257 милиони евра.
Овој мега проект е најавуван подолг период затоа што фудбалски доминантната Србија сеуште нема модерен објект на кој ќе може да ги игра своите мечеви од национален карактер.
Па така, овој проект е пред реализација, а треба да е готов во 2025 година.