Македонскиот младински репрезентативец до 17. години и членот на скопски Вардар Арбин Курти во моментов се наоѓа во Белгија, каде што е на рехабилитација поради поредата на лигаментите.
Големиот талент на македонскиот фудбал добро напредува во опоравувањето, а неколку совети околу тоа што и како треба да работи во моментов, доби од ни помалку ни повеќе Ромелу Лукаку, членот на Челзи и најголема звезда на репрезентацијата на Белгија.
Курти имаше можност очигледно да слушне неколку фудбалски совети од големата звезда кои ќе му значат многу за понатаму во кариерата.