Бабиќ: Тажен сум, игравме лошо!

160

Е.Пелистер во првиот меч од Европската лига, како домаќин загуби од Ним со 21-26. Разочарувањето во таборот на битолскиот клуб е големо,посебно поради начинот на кој четата на стратегот Жељко Бабиќ беше поразена.

Е. Пелистер одигра слабо, посебно во  првиот дел кога Ним направи разлика од +9, и тука го реши прашањето околу победникот.

Бабиќ по мечот не го криеше своето разочарување.

Честитки за победникот.Гостите сосема заслужено победија, одиграа навистина добар натпревар. Тажен сум, сметам дека не го покажавме нашето најдобро лице. Игравме лошо, посебно во првиот дел. Шутиравме избрзано, промашувавме, а и гостинскиот голман беше расположен. Кога е така тогаш тешко е да играш против екипа како што е Ним“ посочи Бабиќ.

ПретходноЊукасл во преговори со екс-тренерот на Бурнмаут
СледноПирло наскоро може да биде промовиран во нов тренер на Сампдорија