Пред извесно време, новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта, на раководните структури на клубот им го предложил проектот со кој ќе се модернизира веќе застарениот и дотраен Ноу Камп.
За истиот се потребни 1.5 милијарди евра, а проектот официјално е наречен „Espai Barca“.
Планирано е комплетно да се реновира стадионот, да се изгради нова сала, за останатите спортови, како кошарка, ракомент, да се изгради хотел, а капацитетот на стадионот да се зголеми од 99.000 на 105.000.