Ван Дајк: Кому му е потребна дополнителна мотивација кога игра Лига Шампиони (ВИДЕО)

112

Денеска продолжуваат борбите во Лигата на Шампионите, а дефинтивино меч број еден во програмата е гостувањето на Ливерпул во Шпанија кај Атлетико Мадрид.

Ова е дербито, целиот свет ќе биде свртен кон „Ванда Метрополитано“ каде што реално играат едни од главните фаворити за овојување на трофејот. Ливерпул засега е прв со шест бода од два меча, додека пак Атлетико има победа и реми во првите две кола.

“Не ни треба дополнителна мотивација, бидејќи ова е најпрестижното натореварување во светот. Безброј играчи работат пеколно многу само за да дојдат до ова ниво. Ние сме таму и сега е време да покажеме за што сме способни. Атлетико е и тоа како квалитетен тим, нема да ни биде лесно но ќе дадеме се од себе, за да оствариме добар резултат“ – изјави холандскиот интернационалец Вирџил Ван Дајк пред вечерашниот дуел.

ПретходноСрбија гради национален стадион од 257 милиони евра
СледноВардар отпатува во Данска, каде утре го чека пресметка со силниот Алборг!