Проблемите за екипата на Филаделфија со Бен Симонс продолжуваат. Според најновите вести од САД, Филаделфија го суспендираше кошаркарот на еден натпревар.
Симонс цело лето инсистира да го напушти единствениот клуб за кој играше во неговата кариера. Дури во еден момент изјави дека е подготвен да ја паузира целата сезона само за да не се врати во Филаделфија.
На крајот, сепак, одлучи да се врати во клубот за кој не играше на ниту една подготвителна средна од предсезоната, а потоа ја подгреал атмосферата на еден од последните тренинзи пред почетокот на сезоната.
Тренерот на Филаделфија, Док Риверс го исфрлил Симонс од тренинг откако, како што рече Риверс, тој само се мачел и не учествувал во задачите што ги извршува тимот.
Еден дел од американските медиуми наведуваат дека Симонс одбил да игра одбрана во даден момент и по расправија со Риверс ја исфрлил топката и го напуштил тренингот.