Звезда во проблем, ФИФА им нареди да иплатат долг кон екс-играч!

539

Раџив ван ла Пара дојде во Црвена Звезда како големо засилување меѓутоа испадна тотално промашување. Од моментот кога беше реализиран неговиот трансфер од Хадерсфилд за 1,2 милиони евра, Ван ла Пара беше само терет на Црвена Звезда. Неговата епизода на „Рајко Митиќ“ заврши по шест месеци, меѓутоа холандскиот крилен офанзивец ја тужеше Звезда во ФИФА поради неисплатени долгови и ја доби. Според дневниот лист „Денес“, пресудата е од 20 мај, а клубот од Белград имал рок од 45 дена на играчот да му исплати 270.000 евра со капата од пет насто.

Холанѓанецот се потпира на договорот. Звезда при раскинување на соработката направила договор да му исплати 390.000 евра на две рати, првата била на 20 март 2020 и изнесувала речиси 120.000 евра и била исплатена, а втората (со рок на плаќање до јули 2020) станала предмет на Меѓународната фудбалска федерација која на 20 мај оваа година пресуди во корист на играчот.

Имено Звезда на крајот на јануари оваа година, по пола година доцнење, му предложила на Ван Ла Пара да му го исплати преостанатиот долг на шест рати.

Холанѓанецот го одбил предлогот и го тужел клубот до ФИФА барајќи да му се исплати уште пет насто камата. Звезда побарала да се намали сумата поради минусот во финансиската состојба предизвикана од пандемијата со коронавирусот, ФИФА одби и и наложи на Звезда да исплати 270.000 евра со пет насто камата во наредните 45 дена.

Во спротивно српскиот шампион ќе се соочи со казна од забрана за регистрирање на нови фудбалери плус уште парична казна.

ПретходноКлоп со коментар за Атлетико: „Не ми се допаѓа нивниот стил на игра“
Следно“Ним е фаворит, но се не предаваме, ќе ја покажеме нашата вредност”