Напаѓачот на ПСЖ, Мауро Икарди нема да настапи на натпреварот од 3. коло од Лигата на шампионите против РБ Лајпциг поради лошата емоционална состојба, пренесува РМЦ Спорт.
Икарди им рекол на соиграчите дека доживува емоционални проблеми по проблемите во бракот со Ванда Нара. Затоа, тој во договор со тренерот Покетино одлучил дека е најдобро да не биде вклучен во тимот за натпреварот против Лајпциг.