ЛШ: Манчестер С. се прошета во Бриж, Бешикташ „нокаутиран“ среде Истанбул (ВИДЕО)

117

Со втората сезонска победа во Лигата на шампионите, англискиот првак Манчестер Сити го запоседна врвот во групата „А“. Вечерва на гостувањето кај Бриж, момците на Пеп Гвардиола лесно и рутинирано обезбедија висока победа од 5:1 со што само ги потврдија најавите дека се големи фаворити оваа сезона.

Во првиот дел гостите водеа со 2:0 со головите на Кансело (30’) и Марез (п. 43’), за во второто полувреме да постигна уште два во првите дваесетина минути (Вокер (53’) и Палмер (67’) со што дојдоа до високи 4:0. Домашните преку Ванакен во 81. минута намалија на 1:4, но конечните 5:1 за Сити ги постави Марез со својот втор погодок во 84. минута.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Во мечот од групата „Ц“, Бешикташ на домашен терен беше совладан од Спортинг (Л) со 4:1. Гостите доминираа уште во првиот дел, кога ги постигнаа првите три гола. Првите два беа на дефанзивецот Коатес (15’ и 27’), а третиот од пенал дело на Сарабија. Единствениот гол за Бешикташ го постигна Ларин.

Во завршницата на мечот Паулињо ги постави конечните 4:1. Турците и по третиот меч останаа без освоен бод во групата.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноБитола живее за ракометот: Загревањето за Ним почна во фан-зоната (ФОТО)
СледноТФТ со победа над Сигал Приштина ја почна новата БИБЛ сезона