ЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Полувреме за паметење во Мадрид, Лајпциг се држи во Париз (ВИДЕО)

164

Првото полувреме од шесте вечерашни пресметки во 3. коло од сегментот А-Д во Лигата на шампионите ни донесе извонредно дерби во Мадрид. На „Ванда Метрополитано“, Атлетико (М) и Ливерпул понудија полувреме за паметење.

Гостите за 12 минути поведоа со 2:0 со извонредните голови на Салах и Кеита, но домашните не само што не се предадоа, тука возвратија со двојна сила и со двата гола на Гризман до 34. минута веќе успеаја да се вратат во егал за 2:2.

 

ПСЖ со голот на Мбапе имаше водство против Јапциг во Париз, но упорните гости успеаја да израмнат преку Андре Силва, а потоа и да имаат уште една 100% шанса преку Нкунку за втор гол. За среќа на парижани на одмор се замина со 1:1.

 

Интер благодарение на Един Џеко на пауза води против Шериф на нашиот Николов со 1:0, кој, пак, почна на клупата за гостите. Минимална предност има и Реал (М) кај Шахтјор и тоа само поради автоголот на Кривцов.

Ајакс одигра одлично прво полувреме против Борусија (Д) и води со 2:0 пред своите фанови.

Група А
Клуб Бриж – Манчестер Сити         1:5
ПСЖ – Лајпциг                              (1:1)

Група Б
Ателико Мадрид – Ливерпул       (2:2)
Порто – Милан                            (0:0)

Група Ц
Бешикташ – Спортинг Л.             1:4
Ајакс – Борусија Д.                     (2:0)

Група Д
Шахтјор Д. – Реал Мадрид          (0:1)
Интер – Шериф Тираспол          (1:0)

ПретходноДок Риверс го избркал Симонс од тренинг, па клубот го суспендираше
СледноВо Барселона гневни на Роналдињо по објавата на ПСЖ!