ЛШ: Салах и Меси носат победи за Ливерпул и ПСЖ, Интер најде „лек“ за Шериф (ВИДЕО)

213

Атлетико (М) и Ливерпул одиграа меч за паметење на „Ванда Метрополитано“ со среќен крај за гостите од Англија кои ја прокнижија и третата победа во групата „Б“. Англичќаните тргнаа со водство од 2:0 за само 13. минути со головите на Салах и Кеита, но Атлетико до полувреме со двата гола на Гризман се врати за 2:2. Одлуката падна во вториот дел по црвениот картон на Гризман и пеналот за гостите кој Салах го претвори во победа од 3:2.

ПСЖ со многу мака дојде до победа над РБ Лајпциг. Иако поведоа со голот на Мбапе во 9. минута, домашните дозволија Лајпциг да направи целосен пресврт. Андре Силва израмни во 28. минута, а на стартот на вториот дел Нукиеле погоди за 1:2. На сцена стапи Меси, кој со два гола (еден од пенал) направи нов пресврт и донесе победа за парижани.

Интер конечно најде лек за незгодниот Шериф. Пред своја публика миланезите дојдоа до победа од 3:1 со која му го нанесоа првиот пораз на молдавскиот тим. Џеко, Видал и Де Врај беа стрелци за домашните, додека Шериф погоди од слободен удар преку Тил. Нашиот Боби Николов почна од клупата, но доби шанса во последните 20-тина минути од средбата кога влезе како замена за Адо.

Реал (М) имаше прилично лесна задача кај Шахтјор. На дуелот во Киев „кралевите“ поведоа со автогололот на Кривцов, а во вториот дел со двата гола на Винициус Жуниор, еден на Родриго и еден на Бензема, само ја потврдија доминацијата и победата од 5:0.

Порто со голема среќа успеа да дојде до победа над Милан. „Росонерите“ заминуваат поразени и од „Драгао“, каде пресуди голот на Луиз во 65. минута.

Ајакс потврди дека сезонава е фантастичен во ЛШ. Вечерва во Амстердам беше тотално нокаутирана Борусија (Д) со убедливи 4:0.

Група А
Клуб Бриж – Манчестер Сити         1:5
ПСЖ – Лајпциг                              3:2

Група Б
Атлeтико Мадрид – Ливерпул       2:3
Порто – Милан                            1:0

Група Ц
Бешикташ – Спортинг Л.             1:4
Ајакс – Борусија Д.                    4:0

Група Д
Шахтјор Д. – Реал Мадрид         0:5
Интер – Шериф Тираспол          3:1

ПретходноБартомеу: Им понудив да бираат Мбапе или Дембеле, тренерите го избраа Дембеле
СледноЊукасл во преговори со екс-тренерот на Бурнмаут