Навивачите се собраа на аеродромот, Озил им порача: „Не се секирајте, ќе бидеме шампиони“

674

Дербито на 9. коло во турската Суперлига помеѓу Трабзон и Фенербахче (3:1) предизвика бура од незадоволство во редовите на клубот од Истанбил. Навивачите на Фенербахче се собраа на аеродромот и ги дочекаа фудбалерите, а таму претседателот на клубот Али Коч и играчот Месут Озил им се обратија со смирувачки тонови.
На мечот Фенер остана со играч помалку уште во раната фаза, а тоа домашните го искористија за пресврт. Во Фенербахче се незадоволни од главниот судија Сансалан и испратија остри критики затоа што сметаат дека се оштетени.

Судијата не се покажа праведен. По 23. минута игравме 10 против нивни 12. Судијата очигледно беше на нивна страна. Ова е „нож до коска“ и не е добра порака за во иднина. Фенербахче беше принуден да си ги бара правата. Нема повеќе да трпиме неправди и силно ќе се бориме против секаква штета што ќе ни биде нанесена од било кого. Веруваме во Переира (тренерот) и неговите помошници, во Месут Озил, Густаво, Алтај и останатите. Ќе се бориме до крај и ја барам вашата поддршка“, беа зборовите на Коч.

Потоа се обрати Озил со смирувачки тонови.
Сега сме тажни, но верувајте во нас. Уште на следниот меч ќе покажеме кој сме и што сме. Останете зад нас и ветувам дека овој тим ќе биде шампион сезонава“.

По 9. кола Фенербахче е трет на табелта со скор 6-1-2 и 19 бодови. Лидер е Трабзон со 21 бод.

ПретходноЛИГА НА ШАМПИОНИ: Николов и Шериф на „Меаца“ одат по ново чудо
СледноШампионот на Европа се засили со НБА шампион