Силен старт на Лазаров и Нант во Европската Лига, мак-гол машина перфектна

247

Кирил Лазаров и Нант со убедлива победа ја отворија сезоната во Европската лига. Тимот на предводникот на нашиот најдобар национален тим на гостувањето кај Кокс славеше со 28-40 (14-18).

До 17. минута натпреварот беше изедначен, по што фрнацускиот тим со два гола во низа поведе со 11-13, фати ритам и на одморот замина со позитива од 14-18.

Вториот дел го отвори Лазаров со два гола во низа, во 48. минута овој дуел веќе беше решен, Нант дојде на двоицфрени 20-33, по кои домаќинот беше целосно урнат.

Лазаров мечот го заврши со четири гола од исто толку обиди, сите ги постигна во второто полувреме.

ПретходноИкарди вечерва не е во составот на ПСЖ поради лоша емоционална состојба
СледноБитола живее за ракометот: Загревањето за Ним почна во фан-зоната (ФОТО)