Познато е дека Англичаните ја почитуваат традицијата, посебно кога станува збор за култниот Вилблдон, неофицијално светското првенство во тенис, најголемиот и најзначајниот тениски турнир.
Сепак и тие мораа малку да попуштат, да згаснат барем дел од таа фамозна традиција. Имено Вимблдон никогаш веќе нема да биде ист, почнувајќи од следната 2022 година.
Организаторот го потврди календарот за следниот турнир кој ќе се одржи од 27 јуни до 10 јули 2022. И веднаш со забелешка дека укинува “слободната недела“. Познато е дека на тој ден тенисерите не се натреваруваа, тоа е првата недела од самиот Вимблдон, поради фактот дека се чуваше тревата. Тоа значи дека ќе нема пауза, дека ќе се игра секојдневно. Па така во таа недела ќе се игра 4.коло во двете конкуренции, и во машка и во женска.