Кошаркарите на ТФТ ја обезбедија првата победа во новата сезона од регионалната БИБЛ лига, откако вечерва на домашен терн со 81.77 го совладаа косовскиот состав Сигал Приштина. Момците на Боро Смилковски одиграа одличен меч во кој ги искористија шансите за да дојдат до првата победа.
Интересна беше завршницата во која благодарение на одлично изведените слободни фрлања на Костовски, ТФТ ја одржа предноста и успеа да слави. Хортон со 20 поени беше најефикасен кај домашните, додека Тошовски постигна 16.
Во следното коло ТФТ ќе се сретне со Академик Пловдив на 27 октомври исто така на домашен терен.