УЕФА – Е.. се. Ова е поздравот на навивачите на Селтик, кој попладнево со транспарент ја “позадравија“ УЕФА. Гневот на фановите на култниот шкотски клуб беше огромен и тоа поради фактот дека Европската куќа на фудбалот се реши мечот со Ференцварош, во Лигата на Европа, да започне во 16:30 часот, нешто што навистина е невообичаено за стандардите во Б. Британија, но и во цела Европа, кога станува збор за европските натпревари.
Токму и затоа трибините на “Селтик Парк“ во Глазгов не беа исполнети, а самиот меч заврши со победа на домашните со 2:0.