Шахтјор оди на уникатен рекорд против Реал Мадрид!

396

Вечерва во Киев доаѓа Реал Мадрид и тоа на мегдан со Шахтјор Доњецк во рамките на 3. коло од ЛШ. Украинците се надеваат на првата победа во групата, а по оној кикс против Шериф, кралскиот клуб доаѓа да ги земе трите бода од Украина, но притоа треба да прекине една непријатна мини серија против „рударите“.

Имено последното соочување на овие ривали беше во октомври 2020 и Шахтјор го победи Реал Мадрид на „Валдебебас“ со 3:2 иако на полувреме водеше со 3:0. На реваншот на 1 декември истата година „рударите“ славеа со 2:0. Ако вечерва го победат Реал, Шахтјор ќе им се приклучи на Баерн, Ливерпул, Ајакс и Јувентус кои три пати по ред славеле против најтрофејниот европски клуб.

Ајакс беше првиот тим кој врзал три победи против Реал, првите две во полуфиналето на КЕШ во 1973 (2:1 и 1:0), а потоа трета и четврта победа во 1995 година во групите на ЛШ (1:0 и 2:0).

Баерн ги комплетирал своите три победи над Реал во сезоните 2000/01 и 2001/02. Прво со две победи во полуфиналето на ЛШ (1:0 и 2:1), а наредната сезона победа во првиот меч од 1/4 финалето со 2:1.

Ливерпул го совлада Реал во финалето на КЕШ во 1981 година (1:0), а следните два меча, во 2009 година завршија со триумф на „црвените“ (1:0 и 4:0). Јувентус во 2004/05 го совлада Реал со 2:0 за пласман во 1/4 финалето, а во сезоната 2008/09 „Старата дама“ ги доби двата меча во групата (2:1 и 2:0).

ПретходноШериф се појави на Меаца, Николов еден од ретките кои излегоа без телефон во рацете (видео)
СледноВанда најмила детективи да го следат Икарди, му го хакирала телефонот и го открила