Њукасл во преговори со екс-тренерот на Бурнмаут

95

Поранешниот менаџер на Бурнмаут Еди Хоу е новиот фаворит да го предводи новиот тим на Њукасл. Младиот специјалист е невработен од август 2020 година, кога поднесе оставка како шеф на Бурнмаут.

Англичанецот се најде под лупа на раководството на „страчките“, заедно со Паоло Фонсека, Френк Лампард и Лусиен Фавр. Новото раководство на клубот заклучило дека приоритет е клубот да назначи нов менаџер, но само кој во моментов е „слободен“ на пазарот.

Медиумите тврдат дека „страчките“ ќе се разделат со нивниот сегашен тренер Стив Брус во наредните денови, а дали Еди Хоу ќе биде новиот тренер останува да се види.

ПретходноЛШ: Салах и Меси носат победи за Ливерпул и ПСЖ, Интер најде „лек“ за Шериф (ВИДЕО)
СледноБабиќ: Тажен сум, игравме лошо!