Владата на Шпанија се вклучи во битката против Суперлигата

91

Очигледно дека идејата за создавање на Суперлигата не е мртва и нејзините основачи сеуште бараат правен лек за да успеат во нејзиното основање, односно профункционирање.

Германскиот Франкфуртер Алемајне Цајтунг објави текст во кој тврди дека поседува документ во кој се потпишани Јувентус, Реал Мадрид и Барселона и во кој стојат многубројни критики и обвинувања на начинот на кој што функционира УЕФА, а истиот е наменет за Европската комисија односно Европскиот парламент. Ова значи дека основачите на Суперлигата, ја креваат својата борба по ова прашање на едно сосема поинакво ниво и очигледно ќе одат до крај.

Од друга страна пак, ниту соритувставеите субјекти на ова прашање не седат мирно, па така, Шпанската влада официјално испрати допис до Европскиот суд во кој стој дека ги подджува постапките против основачите на овој проект. Конечно, шпекулациите се дека Шпанската влада не е единствената институција која што се решила на ваков чекор, туку дека и други испратиле ваков допис.

Само како потсерување, УЕФА се реши да не ги гони основачите на Супер лигата, и едноставно да им прости на Јувентус, Реал МАдрид и на Барселона.

 

 

 

ПретходноТетекс и Вардар играат во петок
СледноСтартуваше судењето против Карим Бензема