Дебитантот Шериф е вистински хит во Лигата на шампионите затоа што запиша две победи во првите две кола и води на табелата во групата Д. Го победи Шахтјор во првото коло, а сензационална победа беше онаа над Реал Мадрид на „Бернабеу“ со 2:1, а ако се погледне севкупно молдавскиот шампион нема пораз на 19 меча во сите натпреварувања (16 победи и три ремија).
Интер е на третата позиција на табелата со само бод освоен бод и без даден гол што значи дека мора да победат вечерва на свој терен за да ги сочуваат шансите за пласман во осминафиналето. „Нероаѕурите“ изгубија од Лацио во саботата што е мал психолошки притисок пред вечерашниот дуел.
Инаку ова е прв меѓусебен дуел помеѓу Интер и Шериф. Што се однесува до здравствениот билтен Интер ќе нема помош од повредените Ериксен и Сенси, додека кај Шериф недостапен е Белоусов поради повреда. Бобан Николов е здрав и спремен да игра.
На другиот меч од оваа група Шахтјор ќе оди на трета победа по ред над Реал Мадрид. Интересно ќе биде во Мадрид каде играат Атлетико и Ливерпул како и во Амстердам каде се очекуваат голови од две офанзивни екипи Ајакс и Борусија Дортмунд.
ВЕЧЕРВА ИГРААТ
ГРУПА А
КЛУБ БРИЖ – МАНЧЕСТЕР СИТИ 18:45 ч.
ПСЖ – ЛАЈПЦИГ 21:00 ч.
ГРУПА Б
АТЛЕТИКО – ЛИВЕРПУЛ 21:00 ч.
ПОРТО – МИЛАН 21:00 ч.
ГРУПА Ц
БЕШИКТАШ – СПОРТИНГ 18:45 ч.
АЈАКС – БОРУСИЈА Д. 21:00 ч.
ГРУПА Д
ШАХТЈОР – РЕАЛ МАДРИД 21:00 ч.
ИНТЕР – ШЕРИФ 21:00 ч.