“Ним е фаворит, но се не предаваме, ќе ја покажеме нашата вредност”

116

Е. Пелистер вечерва (20:45 часот) на домашен терен го пречекува Ним во рамките на првото коло во Европската лига.

Битолчани одново ќе можат да уживаат во врвен ракомет и тоа од лице место. Се враќа публиката, што пак ќе биде дополнителен мотив за ракометарите на Е. Пелистер.

“Секоја екипа од Германија или Франција е голем предизвик за нас. Точно знаеме каква екипа е Ним. Оваа седмица се подготвувавме напорно за нив и знаеме со каков ривал ќе играме. Очекувам добар и цврст натпревар. Се враќа и публиката во Битола, ги поканувам да нè поддржи во поголем број. Знам каква е битолската публика, живее за ракометот и се надеваме дека ќе бидат во голема бројка за да биде наш осми играч”, вели Ненад Костески.

Фаворитската улога е на страната на Ник, но тоа не значи дека битолчани ќе се предадат.

“Ним е фаворит во оваа група, ќе биде навистина тешко. Тие имаат добар проток на топка, многу се брзи. Знаеме каква е француската лига и каков е концептот. Сепак, не треба да се предаваме и мора да одиме цврсто, па да покажеме каква екипа сме и дека имаме голема вредност“, додаде Костески.

Е. Пелистер Еурофарм е во група со уште Кадетен Шафкауџен, Спортинг, АЕК Атина и Татабања.

ПретходноЗвезда во проблем, ФИФА им нареди да иплатат долг кон екс-играч!
СледноИХФ прогласи гол на Ристовска за најатрактивен во ЛШ (видео)