Премиер – лигата објави колку нејзини фудбалери се вакцинирани!

183

И натаму на Островот, поточно во Англија, топ – тема е вакцинацијата на играчите против Ковид-19. Па така денеска, раководството на Премиер – лигата објави официјални информации за тоа колку од играчите кои играат во оваа лига, се вакцинирани.

Имено 81% од актуелните играчи ја примиле првата доза, додека 68% го поминале целиот процес на имунизација. За некои земји ова е висок процент на вакцинирани, но не и за Англија или Обединетото кралство, каде вкупно 79% од населението ја има примено и втората вакцина.

ПретходноФановите на Селтик ја “поздравија“ УЕФА со Е.. се.! (ФОТО)
СледноТрадицијата се гаси: Вимблдон никогаш веќе нема да биде ист!