Стартуваше судењето против Карим Бензема

252

Долго очекуваниот судски процес во Франција против Карим Бензема стартуваше денеска.
Суперзвездата на Реал Мадрид е обвинет дека во 2015 година заедно со уште четворица други познаници го уценувал соиграчот од репрезентацијата на Франција, Метју Валбуена со секс видео и пробале да му изнудат пари.

Бензема во тој период контактирал со Валбуена и го охрабрувал да им плати на уценувачите од 50 до 100 илјади евра, а целиот скандал тогаш нормално стигна до медиумите и беше тоа мега приказна. Приведен беше и тогашниот репрезентативец Џибрил Сисе но потоа пуштен.

Обвинителите тврдат дека токму Бензема имал врска со уценувачите и дека не бил само пренесувач на пораки од нив, што нормално Бензема негира.

Доколку се докаже вмешаноста на Бензема, му се заканува казна затвор од пет години.

ПретходноВладата на Шпанија се вклучи во битката против Суперлигата
СледноШкупи и Ренова ден порано од останатите