Барса со гол на Пике до први бодови во ЛШ (видео)

98

Екипата на Барселона се намачи но ги освои бодовите против Динамо Киев во групата од ЛШ. Тоа воедно е прв триумф на каталонскиот клуб сезонава по оние два порази на стартот, од Баерн и од Бенфика.

Погодокот за победа го постигна дефанзивецот Жерар Пике во 36. минута. Тоа воедно е и првиот гол на Барса сезонава во ЛШ.

Во Австрија екипата на Салцбург го совлада Волфзбург со 3:1 и стигна до врвот на табелата во групата Г со седум бодови. Германскиот тим падна на последното место во групата во која се уште Севиља и Лил и кои ќе играат меѓу себе подоцна.

Адејеми и два гола на Окафор ја донесоа победата на Салцбург.

Претходно„Лео, даj ми дрес, јас ќе ти ја дадам мама!“
СледноСопствениците на Њукасл до навивачите: „Ве молиме, не се облекувајте како Арапи“