Инфантино со писмо ги известил сите федерации за промена на календарот од 2026 година

191

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино испратил писмо со известување до сите национални фудбалски федерации во врска со планираните промени во меѓународниот календар, откри радиото „Кадена СЕР“. Главната иновација ќе биде одржување на Светско првенство на секои две години.

Промената ќе стапи на сила во 2026 година. Идејата е водечките играчи да бидат достапни за своите репрезентации 30 дена во годината, наместо 50 како порано. Предвидено е и намалување на квалификациите. За да се дојде до учество на завршницата на едно СП , секоја репрезентација ќе одигра најмногу 7 натпревари. За споредба, секој од тимовите во Јужна Америка во моментов игра 18 квалификациски натпревари.

Според Инфантино, ажурираниот календар има многу предности. Според него, веќе е одлучено од 2026 година, на секое Светско првенство да учествуваат 48 селекции.

ПретходноЖестоки критики на сметка на Ирвинг: Тој е најголемиот идиот во земјата во моментов!
СледноКостадинов во тимот на колото во Словачка