Денеска од 14 часот се играат сите натпревари од 1/8 финалето во Купот на Македонија. Се игра еден меч, победникот ќе се пласира во следната фаза. Се разбира дека дербито се игра под Шара, каде Шкендија и Ренова ќе ги одмерат силите. Интересно ќе биде во Маџари, се среќаваат Вардар и Скопје, тоа ќе биде вистинска скопска пресметка, посебно ако се знае дека сега “пиратите“ се фаворити на хартија.
Струга ТЛ го дочекува Борец, Шкупи игра дома со Тиквеш. Интересно е тоа што ова ќе биде “реприза“ на нивните саботни дуели во 10.коло во ПМФЛ, само тогаш чаирчани гостуваа во Кавадарци.
Работнички во Битола, кај Пелистер, ќе ја бара “визата“ за четвртфиналето и нема да му биде лесно, напротив. Брегалница против Охрид не би требало да има проблеми, посебно ако се знае дека се игра во Штип. Беласица во Струмица се среќава со Силекс.
Во Струмица ќе се игра уште еден меч, оној меѓу А. Пандев и Македонија ЃП, тим кој што има нов тренер, а тоа е Муарем Бајрами.
Да потсетиме дека во случај на нерешен резултат нема да има продолженија, веднаш ќе се изведуваат пенали.
1/8 ФИНАЛЕ – ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА (14 Ч)
СТРУГА ТЛ – БОРЕЦ
А.ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП
ШКЕНДИЈА – РЕНОВА
ВАРДАР – СКОПЈЕ
БРЕГАЛНИЦА – ОХРИД
БЕЛАСИЦА – СИЛЕКС
ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ
ШКУПИ – ТИКВЕШ