Идентично како и во случајот на Педри, и во новиот договорор на Ансу Фати, тимот на Барселона стави откупна клаузула од неверојатно милијарда евра.
Дали е тоа реално или не проценете сами, но ете Барса се одлучи да биде прва кога станува збор за оваа фамозна сума во фудбалскиот свет.
Од друга страна пак, Ансу Фати добива значително поголема плата околку досега, која што ќе се зголемува од година во година се до 2027 до кога ќе биде важечки новиот дил на релација Барселона – Ансу Фати.