Борче Христов си замина од Борец!

1464

Борче Христов не е повеќе шеф на стручниот штаб на Борец. Тренерот кој речиси една година беше на клупата на велешани, по поразот денеска од Струга Трим Лум, во меч од 1/8 финалето во Купот на Македонија, и тоа на пенали, реши да се повлече.

Христов за Спортмедиа го потврди своето заминување…

Да, не сум веќе шеф на струката во велешкиот прволигаш.Повеќе е спогодбен раскин на договорот, така може да се каже, но сметам дека е доста. Едноставно имавме различни сфаќања со првите луѓе на клубот околу иднината и затоа одлучив да си заминам. Се разбира дека му посакувам добри резултати на Борец во иднина“истакна Христов.

Треба да се напомене дека Христов во Борец дојде по ерата на Кочо Анѓушев.И во овој период имаше убави резултати. Минатата сезона на чудесен начин избори директен пласман во ПМФЛ, а сите му предвидуваа испаѓање, а  оваа есен по 10.коло Борец со Христов се наоѓаше над зоната на директно испаѓање на табелата. Борец под водство на Христов важеше за тим кој тешко може да се победи, тим кој игра максимално борбено.

Во недела Борец, во меч од11.коло во ПМФЛ, се среќава со Академија Пандев во Велес.

ПретходноБрус по отказот од Њукасл: „Ми збореа дека сум бескорисен, дека сум глава од зелка…“
СледноМегваер: Навивачите не натераа да веруваме во победата