Бојку: Тешко беше но успеавме, најбитен е пласманот понатаму

215

Не му беше лесно на тимот на Струга Трим Љум денеска против Борец на домашен терен во рамките од 1/8 финалната фаза од купот. Се намачија стружани пред своите гледачи, губеа, израмнуваа на 1:1, стгинаа до пенали. Промашуваа во серијата, па потоа конечно преку Бесмир Бпјку во шестата серија обезбедија 1/4 финале.

„Ауу многу тежок меч. Примивме рано гол, ни беше многу тешко да се вратиме потоа на психолошки план. Видовте и сами, притисок голем, промашени шанси, судиски одлучи, се на куп што се вели се собра на овој меч. За среќа за нас истиот има среќен крај, тоа е најважно останатото се заборава. Се пласиравме понатаму, да научиме од грешките кои ги направивме денес, да се поправиме во од што се вели затоа што време многу нема. Еве го каде е викендот, имаме меч од шампионатот, и нов предизвик пред себе“ – изјави за Спортмедиа, Бесмир Бојку, човекот на одлука во пенал серијата на мечот Струга Трим Љум – Борец.

ПретходноКудијан: Со прв допир на топка по три месеци постигнав гол
СледноРоналдо: Лигата на Шампионите е перфектна за да покажеме што можеме