Валбуена сведочеше на суд против Бензема

358

Франција е на готовс откако започна судењето во кое се вмешани фудбалските звезди на оваа земја Метју Валбуена односно Карим Бензема, а тема секако е секс скандалот и видео снимките од 2015 година.

Како што и е добро познато на јавноста, Карим Бензема се терети од страна на судот, дека го уценувал неговиот тогашен репрезенативен колега, Метју Валбуена со наводна секс снимка на која се појавува токму Валбуена, и за која е потребно да плати одредена сума на пари за да истата не биде објавена.

Денеска пред судот се појави токму Валбуена кој сведочеше околу настаните во 2015 година. Бензема не беше присатен оправдано поради настапот со Реал Мадрид во рамките од ЛИгата на Шампионите вчера против Шахтјор.

Валбуена истакна дека во прв момент кога криминалците го контактирале, и му дале до знаење дека поседуваат компромитирачка снимка на која се појавува тој најпрво мислел дека е некаков блеф, шега. Откако криминалците го контактирале Џибрил Сисе исто така тогашен репрезентативен соиграч на Валбуена, работите станале малку посериозни, а кога конечно Карим Бензема се вклучил во „преговорите“ на Валбуена му станало јасно дека ова е вистинска приказна.

Најпрво Бензема го охрабрувал да ја плати сумата која што е побарана, од 50 до 100 илјади евра, и Валбуена сметал во прв момент дека тоа е пријателски совет, но набргу потоа му станало јасно дека има сериозни конекции со криминалците.

Конечно, полицаец на задача, им влегува во траг на криминалците преку снимени телефонски разговори и се доаѓа до заклучок дека се работи за Карим Зенати другар од детството на Бензема, како и Мустафа Зоуаи кој се смета за „мозокот“ на целата операција. И обајцата многу бргу беа уапсени.

Доколку се докаже вмешаноста на КАрим Бензема во овој скандал, му се заканува казна затвор од 5 години.

 

 

ПретходноФонсека фаворит за клупата на Њукасл
СледноВардар во познат состав против Алборг, Али Сафар наместо Ристовски (СОСТАВИ)