Вечерва продолжуваат активностите на тимот на Вардар во Лигата на Шампионите, а „црвено – црните“ гостуваат кај Алборг во меч кој започнува од 18:45.
Па така, според планираното, веќе се познати и составите со кои двата тима ќе настапат на овој меч, а се работи за релативно позната ситуација. И обата тима одат со она што во моментов најдобро го поседуваат, освен што од претходно е познато дека Вардар нема да може да смета на Борко Ристовски.
Тој се пожали на здравствени проблеми и остана во Скопје, а на негово место во составот се најде Али Сафар.