Дака даде четири гола, Лестер сo превсрт ја освои Москва!

109

Покрај мечевите од ЛШ, денеска се одигра еден натпревар од 3.коло во групата Ц
помеѓу Спартак Москва и Лестер Сити. Мечот имаше интересен тек, а победија гостите со 4:3.
Спартак водеше со 2:0 со головите на Соболев и Ларсон, а пред крајот на првото полувреме гостите намалија преку Патсон Дака. Само што почна вториот дел Дака со два гола носи пресврт за Лестер и водство од 3:2.
Во 79. минута Дака стрела за 4:2, а во финишот рускиот тим намали преку Соболев.
Лестер е втор со 4 бода, а Спартак е трет со 3 бода. Во оваа група утре ќе играат Легија и Наполи.

ПретходноИлиќ: Психолошки многу важна победа за Вардар
СледноХајдук уште еднаш ги преслуша младинците на Шкендија