Жестоки критики на сметка на Ирвинг: Тој е најголемиот идиот во земјата во моментов!

261

Стартот на новата НБА сезона покрај со двата дерби дуели синоќа, почна и со критики кон една од кошаркарските ѕвезди која поради тоа што не сака да се вакцинира не може ниту да тренира со својот тим, ниту да игра натпревари. Кајри Ирвинг беше јавно критикуван од американскиот новинар и сатиричар Хауард Стерн, кој го нарече тотален идиот.

„Кога станува збор за идиоти, Ирвинг е најголемиот идиот во земјата во моментов“, вели Хауард Стерн.

„Дечкото има шанса како млад човек да работи на својата кариера, да заработува милиони долари, а се што треба да направи е да се вакцинира за да се спаси од сериозни здраствени проблеми, но тој не сака да вакцинира“, изјавил Стерн во радио емисија.

Тој откри и дека не знае зошто Ирвинг не сака да се вакцинира.

„Не гледам некоја посебна причина, освен што изгледа е исклучително глупав, а тоа го потврди во неколку наврати и претходно“, додал Стерн.

ПретходноЛШ: Ден „Д“ за Барса, Аталанта е новиот тест за вистинската сила на Манчестер Ј.
СледноИнфантино со писмо ги известил сите федерации за промена на календарот од 2026 година