Зука: Среќни сме за победата и пласманот понатаму

193

Еипата на Шкупи суверено сезонава гази на патот кон двојниот успех. Покрај тоа што е лидер на табелата во домашниот шампионат, Чаирчани со успех настапуваат и во купот. Совладан е Тиквеш на домашен терен со 1:0 во рамките од 1/8 финалето и обезбеден е пласман во следната фаза.

„Секако дека сме задоволни од успехот, пласманот, победата. Тоа е најбитно за нас, во континуитет да бележиме добри игри, што пак ќе ни донесат добри резултати. Одиме напред не смееме да застанеме и сега се фокусираме на следниот меч под шампионатот против Ренова“ – изјави капитенот на Шкупи, Фисник Зука.

Претходно„Лавовски“ крик среде Струмица
СледноИлиќ: Психолошки многу важна победа за Вардар