Љубовната сага на голгетерот на ПСЖ, Мауро Икарди и неговата сопруга и менаџерка Ванда Нара и натаму не се симнува од насловните страници на светските медиуми. Најновите вести на таблоидите велат дека аргентинскиот фудбалер очигледно не може да се помири со фактот дека го уништи бракот, па почнал да користи некои очајни методи за да ја врати својата љубов.
Имено, како што пишува РМЦ, Икарди отишол дотаму што и се заканувал на Ванда дека ќе го раскине договорот со ПСЖ доколку не му се врати.
Бидејќи таа е негова менаџерка и лице кое го договори трансферот во ПСЖ вреден 50 милиони евра, во случај на раскин на договорот, таа ќе треба да плати надомест кон парискиот клуб од неколку милиони евра.
Инаку, Ванда Икарди поднесе барање за развод откако дознала дека нејзиниот сопруг Мауро Икарди ја изневерил.