Илиќ: Психолошки многу важна победа за Вардар

517

Тимот на Вардар успеа на најдобар можен начин да ги замолчи „злите јазици“ кои во моментов се вперени кон  нашиот најтрофеен клуб и да обезбеди пласман во 1/4 од националниот куп. Победен е тимот на Скопје по подоброто изведување на пеналите, откако регуларниот дел од мечот заврши 0:0.

Битен фактор во таквите моменти секако е голманот, а чуварот на мрежата на Вардар, Филип Илиќ за Спортмедиа вели дека ова е исклучително важен момент за „црвено – црниот“ состав сезонава.

„Многу важен меч за нас, многу важна победа, пласман во следна фаза од психолошка гледна точка. Моравме да врземе серија на победи, на позитивни резултати, тоа е најбитно за нас во моментов за да се вратиме онаму каде што реално Вардар припаѓа. Влеговме мотивирани, дадовме максимум сите, со оглед на условите во кои се играше овој меч. Среќни сме поради триумфот, мора оваа позитивна енергија да се искористи за следните мечеви кои следуваат, затоа што на Вардар во моментов секоја позитивна искра му е и тоа како неопходна. Благодарност до Комитите што се тука со нас, и заедно да ја исполниме целта која ни е зацртана, еден живот една љубов, ФК Вардар“ – изјави Филип Илиќ за Спортмедиа.

 

 

ПретходноЗука: Среќни сме за победата и пласманот понатаму
СледноДака даде четири гола, Лестер сo превсрт ја освои Москва!