Андреј Кудијан долго време се мачеше со повредата перидов.Цели три месеци беше надор од терените и се врати конечно на денешниот дуел против Охрид во 1/8 финалето од националниот куп.
И не само што се врати на терен, туку и веднаш, со првиот допир на топката постигна гол. Во триумфот на Брегалница од 4:0.
„Да сакав вака немаше да се случи. По толку мачење, рехабилитација,пауза, конечно се враив на терен и што е многу важно постигнав гол. Тоа е добро првенствено за мене, за самодоверба, што се вели. Благорадност до сите кои сиот овој период ми даваа подрршка, клуб, навивачи, стручен штаб. Сакам Брегалница да постигне се оваа сезона, да стигне најдалеку во купот, но одиме меч по меч, а тоа за нас значи дуел со Пелистер следен викенд“ – изјави Андреј Кудијан за Спортмедиа.