Заговорниците на идејата за формирање на европска Супер лига, предводени од раководствата на Барселона, Реал Мадрид и Јувентус, имаат нов, подобрен план, за начинот на кој ова ново европско натпреварување ќе може да профункционира.
Според извори блиски до создавачите на Супер лигата, клучната промена ќе биде во тоа што тимовите ќе бидат поделени во две лиги – прва и втора, од кои секоја ќе има по 20 претставници. Во исто време, натпреварувањето ќе биде отворено за сите европски клубови, а не како што беше замислено, само за постојани учесници.
Суперлигата сега вели дека се залага за строга контрола на трошењето, така што планираните измени во буџетот остануваат во рамките на правилата за финансиски фер-плеј.