Екипата на Аталанта му држи фудбалска лекција на Манчестер Јунајтед и тоа на „Олд Трафорд“ во меч од 3. коло во групите на ЛШ. На полувреме гостите од Бергамо водат со 0:2 и тоа со головите на Марко Пашалиќ во 15. минута и на Демирал во 29. минута.
Решиси ист број на обиди за погодок, но Аталанта беше попрецизна во завршницата на акциите. Два пати шутнаа во рамките на голот и два пати ја погодија мрежата. Од исто толку обиди „Ѓаволите“ не погодија.
На другите мечеви Челзи води со Малме 2:0, Виљареал има иста предност на гости кај Јанг Бојс. На мечевите Бенфија-Баерн, Лил-Севиља, Зенит-Јувентус нема голови.
#MUNATA Atalanta 1st goal vs Manchester United#UCL #MUNATA pic.twitter.com/SgtRuPNJiT
— Edwin Bett (@itsEdwinbk) October 20, 2021
GOAL! Merih Demiral
Manchester United 0 – [2] Atalanta
Follow me to never miss any goal highlights.#Atalanta #MUNATA #UCL
pic.twitter.com/ko3u8Y7o6q— Ronard Addo (@ronard_addo) October 20, 2021