По долга пауза Нестор се врати на тренинзите на Удинезе

171

Македонскиот интернационалец Илија Несторовски заздраве од повредата на коленото кое го оддалечи од терените долго време. Поради тоа не беше ни на Европското првенство, ниту играше за својот клуб Удинезе. Сега тоа е мината, па Нестор-гол може да се посвети на враќањето на формата пред се физичката кондиција.
„Поминаа 180 дена, но на проблемот му пристапив со крената глава. Не беше лесно да се надмине повредата, но како и секоја потешкотија се соочив и со оваа и тоа на најдобар можен начин. Оваа пречка не беше лесна, но успеав да ја надминам со мојата одлучност и благодарејќи на моето семејство кое беше покрај мене секој ден! Ја користам оваа прилика да му се заблагодарам на медицинскиот персонал на Удинезе што ми беа на располагање за да закрепнам подобро“, напиша Несторовски.

ПретходноВујовиќ: Мечот го загубивме во првите десет минути од второто полувреме
Следно„Лео, даj ми дрес, јас ќе ти ја дадам мама!“