Челзи вечерва игра против Малме во ЛШ и води со 2:0 на полувреме, меѓутоа во 23. минута остана без првата напаѓачка „виолина“ Ромелу Лукаку. Белгискиот голгетер изнуди пенал за својата екипа, меѓутоа фаулот беше остар по што тој не можеше да продолжи. Се фати за глуждот на ногата и по неколку минутна интервенција на лекарите тој излезе од теренот. Дополнително ќе дознаеме дали се работи за нешто сериозно и дали ќе биде потребна пауза.
Romelu Lukaku exits the match early after this challenge on him 🤕 pic.twitter.com/z9ls3vwzeh
— International Champions Cup (@IntChampionsCup) October 20, 2021