Репрезентативките У19 ги „демолираа“ Фарските Острови на квалификацискиот турнир

886

Женската репрезентација на Македонија до 19 години успешно го почна квалификацискиот турнир за Елитната фаза што се игра во Белорусија. Во рамките на групата 1 нашата селекција ја совлада соодветната селекција на Фарските Острови со 3:0. Головите за Македонија ги постигнаа Теодора Николовска во 33. минута, фудбалерката за врска Теа Божиновска во 74. минута и напаѓачот Кристина Мојсоска од пенал во 87. минута.
Нареден меч на селекцијата на Македонија предводена од Астрид Мерко ќе игра против домаќинот Белорусија (23 октомври), а во последното коло против Кипар.

За Македонија У19 играа:
Кабакчи, Јахји, Недева, Милчевска, Сулејмани, Стаблева, Мојсоска, Николовска, Велкова, Божиновска, Чоклеска.
Играа уште: Јовановска, Головска, Петкова

ПретходноЗа Пеле мина најтешкото, изваден му е туморот, следи хемотерапија и рехабилитација
СледноУште едно неубедливо издание, Алборг му сервираше одмазда на Вардар