Роналдо: Лигата на Шампионите е перфектна за да покажеме што можеме

149

Екипата на Манчестер Јунајтед вечерва во рамките од Лигата на Шампионите на домашен терен ја пречекува екипата на Аталанта. Во некои нормални резултатски времиња за Јунајтед ова не би било никаков проблем, но со оглед на фактот што изминатиот викенд беше доживеан пораз од Лестер со 4:2 на гости, тогаш и гостување на Аталанта на Олд Трафорд не смее да се земе здраво за готово.
Токму затоа, Кристијано Роналдо објави на социјалните мрежи мотивациска порака до своите соиграчи која гласи.

„Доаѓа нашето време. Мораме да покажеме од што сме создадени и Лигата на шампионите е совршено место за докажување пред светот. Нема оправдувања! Ајде да го сториме тоа! “ – напиша Роналдо.

 

ПретходноБојку: Тешко беше но успеавме, најбитен е пласманот понатаму
Следно„Лавовски“ крик среде Струмица