Симеоне објасни зошто не се поздрави со Клоп: Не било здраво!?

452

Тренерот на Атлетико (М), Диего Симеоне на прес-конфенцијата по мечот со Ливерпул, одговарајќи на новинариски прашања се обиде да објасни зошто не се ракуваше со тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп по натпреварот синоќа кој неговиот тим го загуби со 3:2.

„Никогаш не се поздравувам со другите тренери по натпревар, бидејќи тоа не ми се допаѓа. Мислам дека тоа не е здраво ни за победникот, ни за поразениот. Но, кога ќе го видам Клоп следниот пат, сигурно ќе го поздравам“, изјавил Симеоне.

Ливерпул победи на сите три натпревари во Лигата на шампионите од почетокот на групната фаза и е на лидерското место во групата со скоро сигурен пласман во следната рунда.

ПретходноМилвоки „шампионски“ го преслуша Бруклин, Лејкерс се „лизнаа“ на стартот (ВИДЕО)
СледноОдредени двојките за ракометниот Куп на Македонија, Вардар слободен на стартот