Сопствениците на Њукасл до навивачите: „Ве молиме, не се облекувајте како Арапи“

402

Новите богати сопственици на Њукасл побараа од навивачите на клубот од северот на Англија да не доаѓаат на стадионите облечени како Арапи. Групацијата од Саудиска Арабија беше воодушевена што првиот домашен меч под нивно раководство беше распродаден, но не се согласуваат со однесувањето на навивачите на трибините.

Многу навивачи на „Сент Џејмс Парк“ дојдоа облечени во традиционална арапска облека што не им се допадна на сопствениците.

Многу навивачи на Ст.Џејмс Парк носеа традиционална арапска облека за да го одбележат превземањето на клубот. Никој од новите сопственици не е навреден поради тоа и знаат дека секој навивач има позитивна намера. Меѓутоа, постои можност тој потег да биде разбран како непристоен и да навреди други луѓе. Сите кои доаѓаат на стадион, без оглед на верата, можат да дојдат на стадионот со своите религиски обележја. Секогаш сме поддржувале мултикултурна заедница и групи кои навиваат за овој клуб“, соопштија од Њукасл.

Инаку од денеска Стив Брус не е повеќе тренер на Њукасл. Сега се отвори место за нов стратег, а Антонио Конте веќе го одби клубот. Се шпекулира дека Пауло Фонсека или Лусиен Фавре ќе продолжат да го водат тимот.

ПретходноБарса со гол на Пике до први бодови во ЛШ (видео)
СледноПроблем за Челзи, Лукаку се повреди