Урнебесно видео се појави денеска од случувањата во поттрибинскиот простор на „Паркот на Принцовите“ во Париз каде синоќа во меч од 3. коло во Лигата на шампионите се сретнаа ПСЖ и РБ Лајпциг.
Имено, за време на подготовката на фудбалерите на двата тима да излезат на терен, додека разговараа меѓусебно Меси, Верати и Мбапе од ПСЖ, италијанскиот судија Гуида дувна толлку силно во свирчето за да ги повика фудбалерите да излезат од соблекувалните, што буквално го извади од памет младиот Мбапе, а Верати се фати за уво од јачината на звукот.
— Out Of Context Football (@nocontextfooty) October 19, 2021