Екипата на Хајдук патува во наредната рунда од младинската ЛШ со победата над Шкендија со 3:1 на реваншот. Да потсетиме на првиот меч сплитската екипа победи со 2:0, а денеска славеше со 3:1 па со вкупни 5:1 оди во наредната фаза.
Инаку Шкендија прва поведе со голот на Хамза во 29. минута, но до крајот на првото полувреме Хајдук го сврте резултатот преку головите на Антуновиќ и Чуиќ. Во вториот дел Бркљача ги постави конечните 3:1.
Во следната фаза Хајдук ќе игра со белоруски Минск.